Вести Економија Македонија Топ вести

Гошев: Ќе има поместување на каматите на кредитите, за колку – ќе одлучува секоја банка поединечно

Ќе поскапуваат кредитите. Ова се очекувањата на дел од експертите по вчерашната одлука на НБРМ повторно да ја зголеми основната камата на благајничките записи, која пак е показател во која насока ќе се движат каматите и на депозитите и на кредитите.

Поранешниот гувернер на НБРМ Гошев, вели сега на потег се банките, кои најверојатно  ќе ги поскапат кредитите. Но, за колку, секоја банка самостојно ќе одлучува.

„Очекувана е мерката на НБРМ, дали ќе реагираат банките тоа е друго прашање, но мислам дека ќе реагираат мислам дека ќе има поместување и на каматите на кредитите и депозитите, но колку тоа секоја банка ќе одлучува поединечно како субјект. Оние кои имаат фиксни договори нема да ги погоди покачувањето на  каматите,  но оние со варијабилна може да ги погоди во зависнот од висоната на поместувањето, вели за Телма, Петар Гошев, поранешен гувернер на НБРМ.

Со оглед на глобалните случувања кои се рефлеткираат и врз домашната економија, Гошев очекува до крајот на годинава да има и други мерки кои ќе бидат преземени од страна на НБРМ.

Банкарите пак смируваат. Велат се уште е рано да се каже што ќе се случува. Кај нив во моментов  нема драматични промени, а состојбата будно ја следат.

До организацијата на потрошувачи,  до сега нема пристигнато поплаки од граѓани дека банките ги зголемиле трошоците на кредитите.

Но, апелираат до  граѓаните внимателно да ги проверуваат договорите за кредит.

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка од 1,75 на 2 проценти. Умерено зголемување веќе има кај каматите на депозитите. НБРМ по  трет пат ја подига каматата нагоре.

Според експерите потегот на банката доаѓа  како одговор на инфлаторните притисоци,  кои се очекува и во следниот период да бидат присутни.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе