Вести Економија Македонија Топ вести

Поскапе такси превозот во Штип

Триесет проценти се зголемува цената на такси услугата, од утре штипјани само што ќе го повикаат такси возилото пред нивниот дом ќе ги чини 70 денари, а секој километар дополнителни 25 денари.

Такси превозниците одлуката ја донесоа на синоќешниот состанок, со што го укинаа гратис километарот. Висината на стартот не се менува, бидејќи е потребна одлука на Советот на општината. Новите пресметки значат драстично зголемување на пододолгите релации.

Доколку нема владини мерки за стабилизирање на цените на горивата тогаш ново поскапување ќе има уште еднаш во јули и на почетокот од септември. Во меѓувреме очекуваат промена во Законот за патен сообраќај, со кој ќе се предвиде секоја компанија сама да си ја формира цената во пазарни услови. Штипјани со години бараат јавен градски превоз, но на последниот тендер ниту една фирма не се пријавила. Општина Штип сега повторно ќе распише нов, но со изменети услови.

Општината ќе го субвенционира градскиот превоз, се очекува да стартува во септември, кога во училиштата и на факултетите се враќаат учениците и студентите. Дотогаш штипјани ќе мора да ги менуваат навиките за да пристигнат до одредена дистинација.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе