Вести Економија Македонија Најважни

Тарифните блокови ќе бидат со повисоки граници на потрошена струја

Границите на четирите тарифни блока по кои ќе се пресметуваат сметките за електрична енергија на домаќинствата најверојатно ќе претрпат измени, нема да бидат позиционоирани на 210, 420 и 630 киловват чавои потрошена струја во скапа тарифа. Ова денеска го потврдија надлежните кои го изработуваат тарифникот и додадоа дека и доколку се подигнат горните границите нема да има значителни измени, а проценките се дека 80 отсто од домаќинставата ќе плаќаат пониски сметки

Новиот тарифник и новата цена на струја ќе почнат да важат од 1 јули. Тарифниот систем ќе биде заклучен пред одлуката за новата цена на струјата бидејќи таа зависи токму и од него. При формирањето на новата цена на струјата ќе се змеат превид мрежарините кои влијаат на маржата, како и барањето на Електродистрибуција од 80 отсто поскапа цена додека ЕВН Хоум не побара зголемување на цената во барањето бидејќи не ја знае цената на електричната енергија која ќе ја купува од ЕСМ.

Од денеска во функција е калкулаторот кој е поставен на страницата на Регулаторната комисија а преку кој  граѓаните ќе може да пресметаат колку ќе им изнесува сметката за струја доколку потрошат исто, помалку или повеќе согласно тарифните блокови, но мора да се напомене дека при пресметката калкулаторот ја користи посточеката цена на струја, која сигурно ќе се смени и ќе биде повисока.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе