Економија Утринска на Телма

Дали ќе се покачи цената на домашната струја за речиси 100% или државата ќе се задолжува за поефтина струја за граѓаните- прогнози на професорот Димитров

Да бев политичар ќе кажев многу мало ќе биде покачувањето за да се смират граѓаните. Ако се гледа реално, производството на електрична енергија, домашна, секоја година се намалува и се помало е, а се повеќе мора да купиме електрична енергија од берзата, од светските производители, објаснува професорот Димитров.

-Моите очекувања се дека цената на домашно произведената електрична енергија ќе биде поблиску до 80 евра за мегават час, отколку до 70 евра за мегават. (н.з. сегашна цена е по која ЕСМ ја продава на ЕВН е 41 евро за мегават). Тука веќе има улога владата која ќе позајми пари надвор и ќе ги покрие загубите на ЕСМ за цената која ќе биде понудена да не биде на ниво на 80 или 70 евра за мегават, истакна универзитетскиот професор Константин Димитров во гостувањето во „Да си кажеме“ во Утринската програма на Телма.

Што се однесува до тоа дали со новиот тарифник и 4 тарифи ќе има потрошувачка правда за семејствата кои се греат на струја, Димитров вели дека најлошо ќе поминат оние кои се греат на греалки или на термо-печки отколку оние што се греат на инвертери.

Инвертерот и сличните уреди од 1 кв/час струја произведуваат 3 кв/часа топлинска енергија, додека односот на старите затоплувачи на струја е 1 спрема 1 или трипати помалку  со новиот тарифник за наплата на електрична енергија

Точно дека се онеправдани, помалку оние што се на инверетери, а „најдебело“ ќе поминат со термо печки и греалки. Се тврди дека не е праведно поради топлификација и оние што се греат на парно. Но топлинската енергија на есен ќе биде многу повисока од сега и на тој начин ќе се изедначуваат, вели Димитров.

-Ќе не натераат да гасиме светло, ќе се облечеме малку повеќе, ќе грееме само една соба. Се може да се направи кога се нема пари. Немаме пари за тоа, дали некои ќе се откажат од телефони, или од гориво за автомобили. И тоа ќе се случи. Затоплувањето е суштинска потреба за преживување, изјави енергетичарот Константин Димитров.

Целиот разговор е на линкот доле.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Tреба да се радуваме да имаме Дата центри“ – вели првиот регулатор Ристов во интервју за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Првиот регулатор со предлог – банките, фондовите, фирмите да инвестираат во Чебрен, наместо да купуваат станови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе