Вести Економија Код Македонија

КОД: Симулација на цените на струја по предложениот тарифник, минус 13% до +39 % на сметките

4 тарифи, но со неоткриени цени. Вака се одвиваше дебатата за новиот правилник за цената на струјата која ќе се плаќа врз основа на количеството потрошени киловат-часови. КОД во соработка со експерти успеа да ги пресмета цените на тарифите врз основа на сегашната цена на електричната енергија и направи неколку симулации за потрошувачката и новите сметки.

Некој поефтино до 13 проценти, некој ќе плаќ аи поскапо и ќе добие 39 % повисоки сметки за струја. Ова го покажуваат симулациите на КОД кои се направени врз досега објавените информации на јавната дебата за новиот тарифник.

Сметките за струја ќе добијат поинаков лик затоа што ќе се пресметуваат со нов правилник за 4 различни тарифи. Предлогот е веќе на јавна расправа, без конечен лик на тарифникот. Она што го кријат надлежните и експертите го пресметуваше КОД и направи симулации заедно со експерти.

Сега веќе може да ги земете вашите сметки за да ги видите симулациите. Прво е домаќинство, кое се грее на парно, на дрва или нешто трето, но не користи струја за греење. Месечно трошат по 200 киловати скапа и 190 ефтина струја.

Сегашната сметка, без данок и улично осветлување изнесува 2.161 денар од кои речиси 1500-тини се за скапата тарифа. По новиот тарифник, ова семејство ќе заштеди.

Целата потрошена количина им спаѓа во најниската тарифа за скапа струја и изнесува 1.180 денари, на што се додава истата сума за ефтина од 697 денари. Вкупната сметка за потрошена струја за ова домаѓинство ќе биде околу 1880 денари или 13,14 проценти пониска.

Наредната симулација покажува разлика, станува збор за семејство кое живее во 65 квадрати и се грее на струја-инвертер.

За греење на волкав простор дополнително се трошат по околу 400 киловати, а повеќе се грее дење и „одат“ 250-тина скапи киловати. Кога на просечната потрошувачка на струја за 4-члено семејство ќе се додадат овие за греење, пресметката кажува дека во висока тарифа, во зима ќе одат месечно 500-тини киловат часови кои ќе се пресметуваат во три различни тарифи.

Така сегашната сметка која за вакви инвертер-домаќинства изнесува околу 5 илјада денари со предложениот тарифник би се искачила на околу 5.300 денари или за околу 7,2 %. Разликата е предизвикана од разликата во цената на скапата струја.

(цените се само за потрошена струја, во сметките се додава данок, кој во моментот е 5% и надомест за улично осветлување).

Миомир Серафиновиќ

Цените и сите симулации во кои сметките се намалени до 13 проценти или зголемени до 40 проценти се во вечерапната емисија КОД во која има прилог за пожарот во Тетово и последиците, како и за истрагите на подметнатите скопски пожари.

Емисијата КОД со наведените содржини е емитувана вонедела 12.06.2022.во 19:15 на ТВ Телма. Можете да ја погледнете на следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе