Вести Економија

Пристигнуваат барањата за отштата од невремето

Земјоделците и лозарите од Лозово поднеле 200 бaрање за штети од невремето пред десетина дена. Најголем дел се на лозовите насади, но има и штети на јачменот, пченицата и овоштарниците. Рокот за пријавување беше до вчера, но поради празникот се пролонгира до понеделник.

Засега не можеме да кажеме за колкава површина се работи и кои се штетите. Очекуваме веќе во вторник и среда општинските комисии заедно со вештите лица да почнат со проценка на терен, велат за Телма од Општина Лозово.

Речиси половина месец градот пустоши низ нивите во повеќе општини низ државата. Пред два дена без род останаа лозарите од неготинско, каде штетите се и до 100 посто. Се очекува  да бидат и неколку милиони евра. Мал дел од земјоделците ги осигируваат посевите, затоа и ресорното министерство се реши на нов Закон за задолжително земјоделско осигурување.

Министерот, Николовски за десетина дена ги очекува забелешките од осигурителните компании. Новото законско решение предвидува  Државен фонд преку кој  ќе се исплаќаат штетите, а исплатата ќе биде скалеста.

Последните податоци кои Телма ги објави покажуваат дека  само околу 3000 земјоделци го осигуруваат своето производство, од кои најголемиот дел се големите производители.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Дејан Дејан

Евровизија во Малме оваа година мета на скандали

Дејан Дејан

Зоран Анчевски: Кој не плати чланарина нема право да гласа на редовното Изборно собрание на ДПМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе