Европската централна банка денеска потврди дека идниот месец ќе ги зголеми каматните стапки а во исто време ги намали и поценките за раст поради постојаното зголемување на инфлацијата во еврозоната. По последниот состанок за монетарна политика, управниот совет на банката објави дека ќе предложи зголемување на каматната стапка за најмалку 25 поени а во исто време да се прекине праксата на купување обврзници. Уште позагрижувачки е што ЕЦБ најавува уште едно зголемување на каматните стапки во септември, но за колку ќе зависи од среднорочните проекции за растот на инфлацијата.
По септември, врз основа на сегашните прогнози, Управниот совет очекува дека постепено, но одржливо зголемување на каматните стапки ќе биде соодветно. Во линија со преземената обврска на Управниот совет за достигнување на среднорочната цел од 2%, темпото според кое Управниот совет ќе ја прилагоди својата монетарна политика ќе зависи од прогнозите како инфлацијата ќе се однесува на среден рок, се вели во сооптението на ЕЦБ.
Овие мерки доаѓаат откако минатиот месец растот на цените во 12-те членки на еврозоната се искачи на рекордни 8,1 отсто, но ЕЦБ се соочува со сериозен предизвик како да ја заузда инфлацијата без дополнително да го влоши економското забавување поради војната во Украина.
