Вести Економија

Бектеши: Целосно ја подржувам одлуката на РКЕ да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата

Можам да ви гарантирам дека РКЕ ќе се одлучи за најдобриот модел за утврдување на цената на електричната енергија, кој ќе биде предложен, тврди Бектеши. Вели дека сегашниот модел е неодржлив затоа што дури 80 проценти од потрошувачката на електрична енергија се субвенционира од страна на државата.

Два пати годишно, согласно постоечката методологија, владата носи одлука за цената на ЕСМ која ќе биде понудена на универзалниот снабдувач, во нашиот случај ЕВН. Ако просечната цена во првите 6 месеци била некаде 200 евра, нашата претходната одлука за првите 6 месеци од 2021 година беше 41 евро, што е само 20 посто од вкупната цена која е на пазарот. Согласно законот за енергетика ние сме одлучиле постепено да одиме кон либерализација на пазарот за електрична енергија во утврдување на цените, и тоа почна некаде 2019 година. Оваа година обврска на ЕСМ не беше 100 проценти да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач, беше 65 посто. Но со одлука на владата за да нема зоглемување на цената ние одлучивме есм да преземе обврска целосните потреби на домакинствата да ги покрива ЕСМ со цена која е 41 евро. Ако не беше таа одлука што ќе се случеше? 60 посто од целосната потрошувачка во државата ќе беше по 41 евро а останатите ќе беа по пазарни цени, А тие 40 посто ќе имаа големо влијание врз утврдувањето на цената од страна на РКЕ, рече Бектеши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Трагедија во Франција: Загина еден од основачите на „Ubisoft“

Дејан Дејан

Во израелски напад загина снимател на Ал Џезира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе