Вести Економија Најважни

Повисоки сметки за струја за потрошени над 420 киловат часови во месецот

Повисоки сметки за струја да плаќаат оние домаќинства кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија и тоа во таканаречената скапа тарифа. Ова е само еден од предлозите од новиот тарифник со кој ќе се мери потрошувачката, а кој ќе важи од јули. Прелдогот е да има четири блока и на оние кои ќе трошат повеќе да им се фактурира повеќе.  Но, колку плус ќе ги чини, ќе се знае кога ќе се донесе новата цена на струјата, која се очекува да се зголеми. Пресметките покажуваат  дека со сегашните цени, оние кои би трошеле над 420 килоивати и би влегле во трет блок, би добиле за 6 отсто повисока сметка, додека оние од првиот и вториот блок,  би имале дури и до 13 отсто пониски фактури.

Ексепртите пак со бројни забелешки. Велат освен што не е правичен, нема да ги реши проблемите од повисоки цени, но и дека станува збор и за стар тарифник, кои се употребувал пред повеќе од 40 години.

Од РКЕ увруваат дека со тарифникот ќе се заштитат граѓаните од поскапување. Велат дека во текот на следната недела ќе соопштат колку зголемување побарале енерегтските компании кои имаат доставено пресметки до  нив.

Се прадлага  раздвојување на сметките за  електрична енергија и мрежните услуги како што е на слободен пазар. Но, и да се воведе ноќна и евтина тарифа кај корисниците на индустриска струја и за уличното осветлување.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе