По 16 години пауза Македонија ЃП повторно го освои Купот на Македонија во фудбал. Составот предводен од Мухарем Бајрами во големото финале по подобро изведување на удари од 11 метри го совлада Силекс и следната сезона ќе ја претставува нашата земја во Конференциската лига на УЕФА.
“Мислам дека заслужено го освоивме пехарот, иако самиот тек на натпреварот беше тежок, онака како што претпоставив. Силекс се покажа доста добар противник, доста добро се бранеше и преку контра напади се обидуваше да не загрози. Сигурно дека за нас можеби не беше најдобар натпревар, но важноста на овој натпревар беше голема, и не можевме да бидеме на ниво. Прво сакам да им честитам на најзаслужните, на моите играчи кои се големи херои. Имавме фантастична сезона. За мене како тренер во моментов емоциите се големи, можеби во моментов не сфативме што направивме. Направивме една голема работа, освоивме трофеј, одиме во Европа. Би сакал да ги поздравам и навивачите за поддршката, вратен е трофејот после 16 години”, изјави тренерот на Македонија ЃП, Бајрами.
ФОТО: Игор Паневски
