Вести Топ тема

Тупанчевски за Топ Тема – Дисциплинската комисија ќе ги истражи сите околности за случајот со новинарката Соња Делевска која беше повикана на информативен разговор во МВР

Министерството за правда формираше дисциплинска комисија која ќе ги истражи сите детали за случајот кога новинарката, Соња Делевска од порталот СДК,  беше повикана на информативен разговор во полиција од страна на вооружени полицајци, заради објавен новинарски текст, по поплака на раководителка на одделение во Министерството за правда, потврди во вечерашната Топ Тема, министерот Никола Тупанчевски.

„Дисциплинката комисија ќе ги истражи сите детали за случајот. Не остануваме со скрстени раце и навреме ќе ја информираме јавноста“ – изјави Тупанчевски.

Тој додаде дека и во рамките на МВР е покрената постапка за утврдување на околностите под кои била повикана новинарката.

Сефер Селими од „Democracy Lab“ оцени дека најмалку што треба да се случи е и јавното обвинителство да се вклучи во целиот случај и да ги истражи наводите за корупцијата.

Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања изјави дека се надева дека барем од Правда ќе има јасна развршница со цел да се докаже дека никој не смее да ја загрози слободата на говор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе