Финансиска блокада им се заканува на комуналните претпријатија во Брегалничкиот регион. Високите сметки за струја им ги празнат буџетите, но инфлацијата им ги зголеми и цените на останатите репроматеријали, а кај дел има и превработеност.
Најлоша е состојбата во виничкото комунално претпријатие „Солидарност“. На вработените им доцни исплата на платите, кои се околу две третини од нивните вкупни приходи.
Комуналните претпријатија, кои се презадолжени засега милионските сметки за струја ги плаќаат на рати. Голем дел од нив имаат и големи загуби на водата за пиење, која не се фактурира. Во некои општини загубите низ мрежите достигнуваат и до 68 %.
Пробиштип спасот од високите сметки за струја го гледа во сончевите централи. Надлежните сметаат дека со нивно поставување ќе плаќаат и до 60 % пониски сметки.
Комуналните претпријатија заедно со нивното здружение АДКОМ најавија дека ќе побара од централната власт да ги стави претпријатијата во повластена тарифа и да им помогне со кредити за поставување соларни колектори и централи.
Викторија Димитрова Јованова
