Компании во мирување, одложени инвестиции на печалбари, вака ја оценуваат моменталната ситуација на пазарот од Агенцијата ЕСА од Тетово, која веќе 22 години поддржува мали и средни претпријатија во полошкиот регион.
Според Неби Јусуфи, за време на ковид пандемијата најголем проблем имаа извозните претпријатија, но со војната во Украина и оние кои работат на регионален пазар. Недостатокот на суровини и репроматеријали, порастот на трошоци за транспорт, ги натера компаниите или да работат лимитирано или да го сопрат производството, додава Јусуфи.
Според универзитетскиот професор, Гадаф Реџепи, оваа година предвидувањата за пониска инфлација и поголем раст не се исполнија, затоа што украинската криза дополнително ја отежна целата економска ситуација во земјава. Реџепи вели дека како држава стоевме релативно добро во однос на регионот, но продолжува да биде тешко, поради што мора да бидеме многу внимателни во однос на задолжувањата.
Реџепи вели дека се очекува стабилизирање на домашниот пазар со смирување на целокупната глобална економија.
Данијела Билбилоска
