Граѓаните да се подготват за ново поскапување на струјата од следниот месец, предупредуваат експертите. Велат тоа е неизбежно, но за колку, не ќе може да се каже додека не се видат сите трошоци на енергетските компании. Според бројките ниту годинава на светските берзи цената на струјата нема да падне под 200 евра за мегават час.
Мора да се зголеми, нема бегање од тоа и тоа е факт, ќе се зголеми цената. Цената на струјата која ја увезуваме од надвор, а увезуваме 30 проценти, нема да падне под 200 евра за мегават час. Такви се прогнозите кои ги даваат фирмите кои се на беерза, ние не ги измислуваме. Ако е тоа така, значи има потреба и граѓаните да учествуваат во трошокот. Друг проблем е што луѓето немаат пари и инфлацијата вртоглаво расте и сите се посиромашни, вели за Телма универзитетскиот професор Констатин Димитров.
Првите пресметки за формирање на новата цена на струјата пристигнаа до РКЕ. ЕВН ХОУМ И Електордистрибуција денеска ги доствавија своите калкулации до регуалторите. Се чекаат анализите и од другите фирми. МЕМО ќе ги достави до крајот на месецов. Од МЕПСО веќе најавија дека ќе бараат зголемување на цената за услугата која ја врашат, но точно за колку ќе се знае кога ќе завршат со анализите на трошоците.
Сепак каква цена ќе плаќаат граѓаните во слендите шест месеци најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ. Од компанијата веќе соопштија дека до крајот на мај би имале точна пресметка каква ќе биде новата цена.
На крајот на минатата недела струјата поскапе за околу 10 посто.
Ирена Чачкова
