Ќе растат каматите на кредитите за граѓаните и фирмите. За колку ќе се знае откако банките ќе ги направат своите калкулации. Централната банка за еден месец веќе испрати втор сигнал до нив, после подолг период по втор пат ја зголеми основната камата. Таа од 1,25 сега се искачи на 1,75 проценти. Реакцијата на Народната банка е одговор на високата инфлација која во април достигна 10,5 проценти и очекувањата дека таа уште ќе расте. Банките веќе пресметуваат дали, и за колку, ќе ги корегираат каматите.
Банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, во зависност од своите деловни политики и конкретните околности на пазарот прави проценка и одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите, велат од МБА.
За експертите затегнувањето на монетарната политика беше неопходно и ќе продолжи. Но стравуваат – очекувањата дека инфлацијата уште ќе расте да не направи дополнителен проблем на индексација – раст на цени и раст на плати, со што можеме да влеземе во инфлаторна спирала.
Ќе има раст на каматните стапки како што растат еве референтаната каматна стапка односно стапката на благајничките записи, бидејќи ќе има раст тоа значи дека и депозитните камати ќе треба полека да се зголемуваат. Тоа пак бидејќи ецена на чинење на кредитното портфолио на банките ќе значи дека треба да се зголемат и каматните стапки на кредитите.. Има кредити со фиксна каматна стапка и оние со променлива. Оние што се со фиксна се разбира до рокот на враќање на кредитот немаат проблем од аспект на каматната стапка, но другите сигурно ќе треба да ги следат и политиките на деловните банки, смета даночниот експерт павле Гацов
Гацов вели реакцијата на Народнаната банка е навремена, за разлика од фискалната политика која се однесува прекомотно. Апелира да се затегне ременот и да се штеди, наместо да се земаат високи суми на кредити.
Штедењето е алтернативата кај фискалната политика, намаленото трошење. Но забележуваме некаква комоција од аспект од обид да се задолжиме со, според мене, претерано висока сума, оваа од 900 милиони евра, најавата за задолжувањето преку ММФ, според мене, е прекомотно однесување, вели гацов.
Ако поскапат кредитите први на удар ќе бидат оние со промелива каматна стапка. И од банкараската асоцијација и од Организацијата на потрошувачи претходно апелираа граѓаните да си ги проверат договорите. Кажаа дека одлуките ќе бидат различни од банка, до банка. А покрај на новите, корекција на каматите ќе има и кај старите кредити, како и кај кредитните картички, дозволениот минус.
Александра Филиповска
