Вести Економија Најважни

Синдикалната кошничка за април над 38.000 денари – порасна за над 4.100 денари во однос на април лани

На едно четиричлено домаќинство со двајца вработени кои земаат  минимална плата од 18.000 денари, ќе им недостасуваат уште 2.000 денари за да се прехранат. Синдикатот претсмета дека минималната потрошувачка кошничка во април достигна 38.104 денари. Пораснала за над 1.300 денари во однос на претходниот  месец. А  за над 12 проценти во однос на април лани. Најмногу пари се трошеле за храна.

Од ССМ размислуваат со каков предлог ќе настапат на наредните преговори со владата. Велат тие 2.806 денари колу што побараа да пораснат сите плати  веќе паѓа во вода, бидејќи инфлацијата од 10.5 проценти која ја објави вчера државнатаа статистика веќе изеде дел од покачувањето. Велат одлука ќе ја носат органите и телата.

И државниот завод за статистика вчера го потврди галопирачкиот раст на цените во земјава. Регистрираше двоцифрена стапка на инфлација. Пресмета дека трошоците на живот во април пораснале за 10,5% во однос на април лани, а цените на мало за 11 проценти.

Само за еден месец најголем раст има кај маслото и маснотите и тоа за над 20 проценти и кај свежиот зеленчук за 12,9 . Споредено пак април со април лани- храната поскапела за 15, лебот и житариците за над 17 месото за над 10, маслото и мастите за речиси 32 а транспортот за речиси 22 проценти. Експерите пак беа децидни дека итно треба да се донесе антиинфлаторна програма – по примерот од деведесетите години кога последно земјава се бореше со висока инфлација.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе