Вести Економија

Софија уверува дека Македонија нема да остане без гас и покрај руската блокада

Ако Русија одлучи да го сопре гасот и за нашата држава, сериозно ќе ги прекрши склучените договори вели за „Телма“ министерот за економија Бектеши од состанот за енерегетска безбедност во Софија. Вели дека засега нема такви најави, но  уверува дека и да се случи тоа, привремена алтерантива за снабдување ќе има.

Немаме најава,  но секако дека паралелно мора да работиме  и на други рути. Ако се случи тоа, до 15 октомври имаме време да најдеме решенија. Една од опциите  е  да се направи закуп на количини во складовите на Бугарија кои би се донеле до тука преку посточекиот гасовод со оваа земја. Ако одлучи Русија тоа ќе биде прекршување на договорите кои се склучени, вели Крешник Бектеши, министер за економија

Пред извесно време Русија го сопре гасот за Бугарија- единственото место од каде нашата држава го добива овој енергенс. Но,  Бектеши  добил уверување  од неговите бугарски  колеги  дека  без разликата на ваквата одлука на Руската Федерација , Бугарија ќе продолжи да врши испорака за регионот.

Транзитот ќе продолжи и за Македонија и за Србија  имајќи ги во предвид посточеките договори кои се на сила. За жал дел од интерконектор  од Бугарија до 2030 година е целосно резервиран од страна на Гаспром, вели   Бектеши- министер за економија

Проблемите со снабдување со гас и другите енергенси   кои  настанаа со разгорувањето на руско – украинскиот конфликт ги собра министрите за економија  од регионот и пошироко  на состанок во Софија каде сите заеднички  бараат начин како во идина да се намали зависноста од руски гас. Премиерот на Бугарија , Петков вели дека е добро што сите обединето бараат решение за проблемите.

Азербејџанскиот гас е прва опција  која може да го замени рускиот. Азербејџанскиот министер  истакна дека неговата земја е подготвена да ги зголеми количините за Европа.  Проблемите со рускиот гас дополнително се искомплицираа откако Москва одлучи да го продава исклучиво во рубљи.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе