Вести Економија Свет

Борел најави ново исклучување од СВИФТ на руски банки

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел најави дека и други руски банки ќе бидат исклучени од СВИФТ. За време на посетата на Јужна Америка, Борел не прецизираше кои нови руски банки ќе бидат исклучени од тој банкарски систем.

„Во финансискиот сектор повеќе руски банки ќе бидат исклучени од системот СВИФТ, а во енергетскиот сектор бараме мерки кои значително би влијаеле на увозот на руска нафта“, рече Борел. По почетокот на руската воена интервенција против Украина, ЕУ усвои пет пакети санкции против поединци, организации, финансискиот и енергетскиот сектор во Русија. Сега се разговара за шестиот пакет санкции. Како дел од финансиските санкции, седум руски банки досега се исклучени од системот СВИФТ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе