И покрај најавите на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин дека очекува наскоро да бидат симнати санкциите за Русија, денеска Европската фудбалска асоцијации донесе нов сет на забрани.
Откако од 28 февруари на сила стапија санкциите за националните тимови, клубови и функционери, Извршниот комитет на УЕФА денеска донсе нови мерки за безбедно одржување на сите натпреварувања во блиска иднина.
Репрезентацијата на Русија нема да биде дел од Лигата на нации и во групата каде требаше да настапува заедно со Исланд, Израел и Албанија автоматски го освојува четвртото место и ќе се пресели во понизок ранг.
Руските клубови дефинитивно нема да бидат дел од новата сезона во европските клупски натпреваувања, а донесена е одлука за бришење на кандидатурите поднесени за организација на континенталните шампионати за 2028 и 2032 година.
Женската репрезентација нема да има право на настап на Европското првенство и нејзиното место ќе го заземе Португалија, а забраната за настап важи за сите старосни категории во машка и женска конкуренција.
