Ракомет Спорт

Вардар го совлада Е. Пелистер и дојде на чекор до титулата

Ракометарите на Вардар на гостувањето во Битола го совладаа Еурофарм Пелистер со 26:23 и се на чекор до одбрана на шампионската титула.

“Црвено-црните” се реваншираа за поразот во првиот дел од разигрувањето за трофејот и го растурија сонот на вечниот ривал по 17 години да се врати на тронот во македонскиот машки ракомет.

Клучни за победата на Вардар беа завршните минути од натпреварот кога Битолчани направија серија грешки кои составот на Давид Дејвис успеа да ги казни и да обезбеди предност со која се надополни негативата од првиот натпревар во Скопје и се направи крупен чекор кон одбрана на титулата.

Во поголемиот дел од натпреварот противниците беа израмнети, Вардар на моменти во првиот дел имаше предност од три погодоци, но Еурофарм Пелистер успеваше да се врати во игра и на одмор се замина со резултат 11:11.

На стартот од второто полувреме Вардар поведе со 14:12, но домаќинот повторно се враќаше во игра и во еден момент поведе со 22:21.

На три минути пред крајот Вардар со серија од 3:0 стигна до предност од 24:22, а по грешката на Стипе Мандалиниќ, гостите поведоа со 25:22 по што беше јасно дека гостите ќе стигнат до посакуваниот триумф.

Најефикасен во составот на Вардар со десет гола беше Моралес, Талески постигна шест, а голманот Борко Ристовски забележа осум интервенции. На спротивната страна прв стрелец со пет погодоци беше Обрадовиќ, Граѓан додаде четири додека голманот Секељи имаше 12 одбрани.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе