Вести Економија Свет

Доларот најсилен во изминатите 20 години

Вредноста на американскиот долар во однос на референтните валути продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во изминатите 20 години.

Индексот на доларот што ја покажува вредноста на американската валута во однос на шест најважни светски валути изнесува околу 103,56 поени, додека вчера изнесуваше 103,28 поени.

Валутата синоќа во еден момент достигна 103,93 поени, што е највисоко ниво од крајот на 2002 година.

Поддршка за доларот доаѓа од најавите за агресивно зголемување на каматните стапки на Одборот на федералните резерви и нестабилноста на финансиските пазари, што доведе многу инвеститори да бараат побезбедно засолниште за капиталот. Последица на тоа доларот споредбено со референтните валути зајакна за повеќе од пет проценти, што не е забележано од 2012 година.

Утрово курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 129,65 на 130,50 јени, ново највисоко ниво во изминатите 20 години.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0515 долари, ново најниско ниво во изминатите пет години.

Цените на нафтата повторно се намалија по вчерашниот значаен раст. Барел нафта на лондонскиот пазар поевтини за 0,55 отсто на 107 долари, додека на американскиот пазар намалувањето изнесува 0,60 отсто на 104,65 долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе