Силен удар врз македонските компании и државниот БДП би било евентуалното стопирање на испораката на рускиот гас за земјава, откако Русија веќе го сопре за Бугарија. Најголемите наши извозници-компаниите од металната индустрија и Технолошко –индустриските зони во Скопје први ќе настрадаат доколку секне гасот за земјава. Иако владата убедуваше дека тие мора да имаат алтернативни решенија – компаниите тврдат немаат. Ако прекине испораката на гас за земјава- ќе прекине и производството.
Ќе мора да го прекинеме производството бидејќи немаме алтернатива во овој момент. Алтернативните горива кои што се достапни на пазарот за нас во овој момент не може да бидат употребливи пред се поради технологијата и опремата која што ја имаме во нашиот производствен погон. Нема шанси да обезбедиме ние како држава доволни количества на нафта, мазут што и да е за д аја задоволиме целата индустрија која што од гас ќе треба да се префрли на друго алтернативно гориво. Лесно е да се каже ќе купите да загревни единици кои што работат на нафта и решен проблем, но таа нафта некој треба да ја донеси-изјави петар јанески, директор на „макстил“
Министерот Бектеши пак вчера убедуваше дека компаниите имаат алтернативи.
Имаат можност да користат и алтернативно гориво согласно Правилникот како што знаеме мазут, компримиран природен гас или пак екстра лесно-извјави Крешник бектеши, министер за економија
Директорот на Национални енергетски ресуртси, пак потврдува дека компаните ќе имаат голем проблем за кој ќе нема брзо решение. Според нивните податоци околу 350 приватни субјекти се поврзани на системот за природен гас во земјава. Земјава троши над 400 милиони кубни метри гас, а најголемите количини се трошат во главниот град.
Ако евентуално ќе има прекин најакутниот проблем ќе се појави во металната индустрија во нашата држава и во ТИРЗ Скопје и за овој проблем нема брзо решение-Бајрам Реџепи директор на АД НЕР
Од Дирекцијата за Тирз тврдат дека во договорите кои ги имаат компаниите во зоните со нив има клаузула дека во случај на прекин на снабдувањето со гас мора сами да си обезбедат алтернативни извори на снабдување со енергија.
Годишно користат 5,2 милиони нормални метри кубни гас. Станува збор за компаниите кои опериираат во ТИРЗ Скопје 1 и 2. Инаку вкупно овие компании учествуваат некаде со 4 до 6 проценти во БДП, односно с енекаде 35 до 40 проценти од вкупниот извоз на државата-
Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ
Иако властите тврдат дека какава и да биде оиодлуката на Русија, ефектот кај нас ќе биде незначителен- сепак ударот ќе биде голем за целата економија. Само компаните од зоните учествуваат со 400 до 600 милиони евра во македонскиот БДП, и 2,5 милијарди од вкупниот извоа које околу 6,2 милијарди евра.
Александра Филиповска
