Ракомет Спорт

Македонија во најтешката група на ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација немаше среќа во жрепката за претстојното Европско првенство што ќе се одржи во нашата земја.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски се дел од групата на смртта во која противници ни се поранешни и актуелни светски и европски прваци и освојувачи на медали на Олимписките игри.

Репрезентацијата на Македонија е во конкуренција со селекциите на Франција која е актуелен олимписки првак и на големите натпреваувања има вкупно 13 медали во последниве десетина години, Холандија која пред две години беше светски првак, а претпоследните две континентални првенства се закити со среброто и бронзата како и репрезентацијата на Романија, која во последно време е далеку од врвот на светскиот европски ракомет, но во минатото пет пати се искачувала на подиумот, а најголем успех и светското злато освоено пред шест децении, а послед пат пред седум години беше трета на Мундијалот во Данска.

Во А групата ќе партиципираат Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швацарија. Данска, Шведска, Словенија и Србија се дел од Б конкуренцијата, а во Ц групата ќе настапат Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија.

Пласман во следната фаза од Европското првенство кое ќе се одржи во периодот од 4 до 20 ноември обезбедуваат трите првопласирани од секоја група.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе