Вести Економија Македонија

Развојт на еко-туризмот е предизвикот пред градоначалниците од 10 општини од југоисточниот плански регион

Развој на турзимот и зачувување на животната средина со еколошки-одржливи инвестиции. Ова е одлуката на жителите на Југоистокот за искористување на 20 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка со министерството за локална самоуправа. Граѓаните сметаат дека  изградбата на планински велисипедски патеки, но и проекти за енергетска ефикасност и еко одржливост се иднината на овој регион.

Инвестиции во туризмот се предвидува во овој регион со дополнителни 40 милиони денари кои се обезбедени од Бирото за регионален рамномерен развој. Градоначалниците од Југоситокот сметаат дека туризмот е неискористениот потенцијал на општините и треба да се развиваат во таа насока.

Вредноста на овие средства е речиси еден милион евра, а се обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Градоначалниците од 10 општини заеднички се договараат каде и како да се распределат овие пари за да имат бенефит цел регион.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе