Ракомет Спорт

Познат составот што ќе и се спротивстави на Норвешка

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го одреди тимот кој попладнево од 16 часот ќе се соочи со Норвешка во последниот натпревар од ЕХФ Купот.

За нашиот подмладен тим ова е уште една одлична можност да одигра меч со една од најдобрите репрезентации и да стекне неопходно искуство во пресрет на настапот на Европското првенство.

Савевски за денешниот натпревар се реши само за една измена и наместо Александра Арсениевска шанса ќе добие Александра Коловска, а од ракометарките кои отпатуваа за Норвешка не се во конкуренција Ива Младеновска и Марија Јовановска.

МАКЕДОНИЈА
26. Јована Мицевска
20. Матеја Серафимова
10. Моника Јанеска
13. Александра Коловска
13. Ивана Џатевска
17. Теодора Дукоска
28. Сара Миновска
30. Јована Кипријановска
31. Андреа Седлоска
33. Сара Ристовска
58. Симона Стојковска
71. Јована Саздовска
74. Сања Дабевска
88. Леонида Гичевска
90. Бојана Коцева
99. Марија Штериова

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе