Вести Економија

Малешевијата полна со туристи за празникот

Малешевијата годинава за празниците полна и со странски и домашни туристи. Хотелите и вилите се исполнети,  а резервациите започнале уште пред еден месец.  Во познатите хотели 80 % од гостите се од соседна Бугарија. Пандемијата стивнува, хотелиерите велат дека пополека во овој регион се враќаат и туристите од Холандија.

Малешевци  сметаат дека е потребено да се работи на регионалниот пристап, но и  на промоција на она што нуди овој регион, кој изобилува со природни убавини.

Ванчо Самраџиски производител на здрава храна заедно уште со неколку негови колеги од поранешното детско одмаралиште се чувари на поранешниот сместувачки капацитет. Не дозволуваат на крадците да се разграби инвентарот. Овој капацитет е со најубавиот поглед на Беровското езеро, но повеќе од десет години државата заради  низа проблеми не го става во функција, иако за него има голем интерес.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе