Вести Македонија Најважни Спорт Фудбал

Навивачка фешта по победата во Палермо -Македонија на чекор до светското првенство во Катар

Невозможното стана возможно а чудото реалност. 90 минутната битка во Палермо по многу нешта наликуваше на библискиот мит Давид против Голијат, за победата на послабиот над посилниот.

Актуелниот еропски шампион е на колена а Македонија чекор поблиску до сонот на многу генерации – Светското првенство.

Александар Трајковски во 92 минута ја затресе мрежата на Италија, ја замолкна триесетилјадната публика на Ренцо Барбера и предизвика делириум кај двете илјади македонски фанови кои допатуваа во Палермо.

Стотици илјади грла, во Македонија, во истиот момент го прославија голот со кој се испишпа нова страна во историјата на македонскиот фудбал.

Ечеше од зградите, куќите, кафулињата рестораните.

Не се чекаше многу за да се слави. Неколку минути по последниот свиреж на судијата Турпан улиците беа полни. Се славеше во сите градови низ државата.

Центарот на Скопје ечеше до полноќ.

Илјадници насмеани фанови, навивачки песни скандирање и пиротехника за штимунг на прославата и феноменалниот успех. Колони возила се слеваа кон центарот, мотори, точаци па дури и багер. Секој се обидуваше што е можно побрзо да стигне и да се приклучи на славјето.

По светскиот падна и европскиот првак. Македонија повторно е на насловните страни на сите светски спортски медиуми.

Во вторник во Порто, селекторот Милевски и неговата чета ги чека клучната и најтешка битка.

Одиме на светско!

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од ЗНАМ не го потврдуваат заминувањето на Филков од ресорот Правда

Дејан Дејан

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе