Вести Економија Македонија Топ вести

Блок 3 на РЕК Битола во аут до октомври оваа година

РЕК Битола ќе работи со два блока најрано до октомври оваа година бидејќи поправката на уништениот трансформатор на третиот блок завршила неуспешно.

Од ЕСМ, од каде што најавуваа дека Комбинатот ќе работи со максимален капацитет најдоцна до 15 јануари оваа година, соопштија дека поправката на трансформаторот на Блок мора да се демонтира и да се носи на поправка.

„Трансформаторот на третиот блок деновиве ќе биде испратен на поправка,која би требало да заврши околу октомври 2022, со оглед што поправката на лице место не даде резултат“ – тврдат од ЕСМ.

Трансформаторот беше уништен во хавараијата која се случи на почетокот на ноември минатата година.

Прогнозите на надлежните дека енергетската криза ќе не чини 65 милиони евра веќе неколкукратно се надминати.

Досега од посебната ствака во Буџетот на наменската сметка на ЕСМ за справување со енергетската и топлинската криза во Македонија се префрлени 171 милион евра.

Од овие средства ЕСМ префрлило кон БЕГ 4,6 милиони евра за набавка на гас неопходен за непречена работа и снабдување на скопјани со топлинска енергија и 10,8 милиони евра кон МЕПСО за подмирување на долговите.

А МЕПСО продолжува да влече струја од европската енергетска мрежа и да купува на слободниот пазар за да ги покрие загубите во електропреносната мрежа. Во првите два месеци се купени или повлечени 40 гигавати струја.

Од слободниот пазар се купени 12 гигавати струја во јануари и 10 гигавати во февруари  додека од евроспката мрежа се повлечени 16 гигават во јануари и 2 во февруари но со напомена дека за минатиот месец пресметката е само прелиминарна.

Оваа количина на електрична енергија допрва треба да се плаќа.

Од МЕСП соопштија дека ЕСМ префрлил една милијарда денари или 16 милиони евра за покривање на долговите а официјално подмирен е само долгот за октомври минатата година.

Во моментот пресметките на МЕСПО се дека должи 4,2 милиони евра за струјата повлечена од европската енергетска мрежа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе