Вести Економија Свет

Ново поскапување на нафтата

Цените на нафтата утринава пораснаа по неколкудневниот остар пад.

Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 1,15 отсто на 101,05 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,75 отсто на 97,15 долари.

На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 98,89 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 98,87 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 118,30 на 118,15 јени.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1.0965 долари, додека вчера во овој момент беше 1.0980 долари.

Од друга страна, поддршка за пазарите обезбедува вчерашниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од 1,8 отсто.

Инвеститорите на најголемата светска берза беа охрабрени од падот на цената на нафтата за повеќе од 6 отсто, па вчера се лизнаа под нивото од 100 долари за барел, првпат по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари. Пред една недела цената на барелот достигна 139 долари, највисоко ниво од 2008 година.

Но, денес, како што рековме, цената на нафтата повторно порасна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе