Вести Економија Македонија

МБА: Банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните

Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

-Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво. Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период, велат од МБА.

Нагласуваат дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и, како што посочуваат, како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

ПИОМ е неликвиден, доцни со уплатите во вториот пензиски фонд и во ФЗО

Дејан Дејан

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе