Вести Економија

Со нов Законот за државната ревизија до независност на државните ревизори, јавна расправа

Државниот завод за ревизија во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер организираше настан/јавна расправа на кој беше презентирана драфт верзијата на Законот за државната ревизија. На настанот присуствуваа и активно учество земаа претставници од Владата и Собранието на РСМ, претставници од државните институции, ЕУ делегацијата во Скопје, професионалните институции, академската заедница, граѓанските организации и вработени од Државниот завод за ревизија.

Во своето воведно обраќање, главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски изразувајќи благодарност до учесниците на настанот истакна дека со драфт верзијата на Законот за државната ревизија ќе се обезбеди финансиска и оперативна независност на врховната ревизорска институција. Притоа, додаде дека очекува предложениот законски текст  да наиде на поддршка од извршната и законодавната власт, како и од претставниците на меѓународната заедница.

На настанот свои обраќања имаа и г. Фрек Јанман, претставник на Делегацијата на ЕУ во земјата, г-ѓа Снежана Калеска Ванчева, претставник на Собранието на РСМ,  м-р Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, д-р Ширет Елези, претставник на Министерството за финансии и г. Дамир Незири, претставник на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата.

Новата драфт верзија на Законот за државната ревизија беше образложена од заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми и помошник на главниот државен ревизор Добринка Весковска, кои дадоа осврт на клучните придобивки од донесувањето на овој закон.

На настанот присуствуваа претставници од извршната и законодавната власт, меѓународната заедница, професионалните институции, академската заедница и граѓанските организации

Во делот за дискусија, учесниците имаа можност да ги изнесат своите коментари, сугестии и забелешки кои ќе бидат разгледани и инкорпорирани во драфт верзијата на Законот за државната ревизија.

Донесувањето на наведениот Закон за државната ревизија ќе обезбеди постапување по дадените препораки од страна на Европската Унија и во исто време ќе обезбеди финансиска и оперативна независност на Државниот завод за ревизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе