Вести Економија Македонија Најважни

Изгласани измените на законот за ДДВ и за акцизи

Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.

Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.

– Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите, рече министерот Бесими во обраќањето.

Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Доцова по средбата со Гаши: Потребно е да се направат уставни измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе