Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Македонија сама не може да детектира дрон и да го урне, нашето небо го чуваат другите држави

За падот на дронот од Украина во Хрватска се води истрага и во НАТО Алијансата, настрана од кривичната која се води во Хрватска, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју во ТОП ТЕМА. Пендаровски вели дека

„неспорно е дека е леталото е дојдено од Украина, но не знаеме кој точно тоа го испукал, со оглед на тоа што во моментов не знаеме кој е господар во Украина. НАТО внимава многу за да не влезе во овој судир за да не се соочи во конфликт со Русија“.

За денешниот дрон вели дека тој е помал од малите авиони, има мала рефлексија на радарите, и лета ниско. Македонија има системи, сепак тие не се доволни, а нашето небо го обезбедуваат други држави кои имаат подобри системи, вели Пендаровски. Македонија сама не може да детектира таков дрон и не би можеле да го срушиме на време, сепак во вакви  судири каде голема земја напаѓа исто така голема територија како Украина можни се намерни и ненамерни случаи, вели претседателот Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе