Вести Економија Македонија

Цената на горивата достигнаа речиси 100 денари

Граѓаните од денеска ќе плаќаат поскап бензин за речиси 7 проценти. РКЕ на полноќ ги соопшти цените на нафтените деривати кои полека стигнуваат и до сто денари за литар. Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС-95  е 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 е 95 денари за литар  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 94 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  и ќе изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот во просек за 8,9 отсто и кај дизелот за 16,8 отсто, како и  за повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Со најновата одлука, намалена е и маржата за трговците со нафтени деривати. Намалувањето на маржата е 33% или една третина од досегашната вредност со што дополнително ќе се отежне работењето на трговците со деривати и на бензинските пумпи особено во делот на надминување на трошоците за оперативно тековно работење и функционирање на пазарот.

Маржата на трговците со нафтени деривати е намалена од 4,5 на 3 денари, бидејќи вчерашните анализи покажале дека бензините требаше да поскапат за 5,5 денари а дизелот за 10,5 денари., соопштија од РКЕ.

Вечерва се носи нова одлука, иако не се знае каква ќе биде, сепак трендот на готовите производи е нагорен. Со новата дневна методологија цената ќе се менува на дневно ниво ако анализите покажат дека треба да има за 2 денари зголемување или намалување, ако е помалку од 2 денари тогаш останува цената од претходниот ден.

Пресметките не се прават врз основа на брент нафтата туку за секој  дериват посебно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе