Вести Економија Македонија

Белиот леб, зејтинот и брашното од денеска ќе се продаваат по набавна цена, се забранува извоз на зејтин

Белиот леб, зејтинот и брашното тип 400 од денеска ќе се продаваат по набавна цена.

За другите основни прехранбени производи, како  шеќер, трајно кравјо млеко, свежо месо, сувомеснати производи, кравјо и мешано сирење, урда, македонски ориз, јајца и тестенини, маржата се намалува на 4 проценти во трговијата на големо и на три проценти во трговијата на мало.

Но, дали на трговците на мало ќе им се исплати да продаваат дел од производите без маржа, односно профит? Дали ова нема да доведе до празни рафтови во продавниците? Министерот за економија вели – не.

Како времена мерка, се забранува и извоз на зејтин, а постои можност тоа да се случи и со брашното, пченката и пченицата, затоа што во последно време има голема побарувачка од Грција и од други земји.

Проценките се дека во периодот од 1 до 8 март од државава се извезени 330 тони зејтин.

За да поевтини цената, и да се зголеми конкурентноста, Бектеши најави дека,  од вторник зејтин ќе може да се увезува од сите држави без царинска ставка, нешто што досега важеше само за земјите од ЦЕФТА.

Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки веќе е објавена во Службен весник и ќе важи до 31 мај.

Министерот очекува наскоро овошјето и зеленчукот да поевтини на македонскиот пазар, поради увозот од Турција, која го загуби пазарот во Украина и Русија.

Ова, според него, значи дека во Македонија овошјето и зеленчукот што доаѓа оттаму ќе се продава поевтино.

Ваучерите за најранливите категории за основни производи за исхрана (по 1.000 ден за 3 месеци за 35.000 корисници), ќе важат само за домашни продукти.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе