Европската унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Нема да го следиме Бајден по ова прашање, рече Борел. Тој додаде дека ЕУ постојано бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има партнер на кој може да смета.
За разлика од Америка која е голем производител на нафта, Европа се потпира целосно на рускиот гас, па така според аналитичарите би било монументално ако некоја европска држава би се согласила со одлуката на Бајден.
