Вести Економија Топ вести

Владата ги ограничува трговските маржи, Бектеши со порака нема да дозволиме трговците да профитираат на грбот на граѓаните

Владата ќе ги одмрзне цените – но ќе ги замрзне маржите за трговците. Од 1 март маржите на продажните цени во трговијата на големо не смеат да бидат повисоки од 5 проценти, а во таа на мало од 10 проценти.

Одлуката ќе важи  само за одредени производи –  лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 насто, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

Министерот уверува дека од 1 март цените на овие прехрамбени производи нема да растат- туку напротив ќе се намалуваат. Анализите покажале дека производствената цена е за речиси 50 проценти пониска од таа која ја плаќаат граѓаните. Така на пример  производ кој се продава по 100 денари – од кога ќе се извадат маржите, другите давачки како рабатот на трговците, тие за маркетинг … има  производтсвена цена од 51 денар.

Бектеши најавува засилени конторли. Казните за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката се движи од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на компанијата. Најави и  Закон за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со храна кој ќе биде готов до крајот на март и ќе биде пуштен во собраниска процедура. Одлуката пак за ограничување на маржите ќе важи до крајот на мај.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката за рудникот Иловица е шок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе