Вести Македонија Најважни

Хотелите во Скопје ги одбивале, седеле во автобус цела ноќ- ноќниот напорен пат на еврејската група од Куманово заврши во главниот град и ни откри огромна ксенофобија во државата

Со полициско обезбедување членовите на  еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои од четвртокот престојуваат во Куманово поради притисок на дел од јавноста , доцна во ноќта со автобус  се префрлени во хотел во Скопје.

Фрлени јајца и искршена врата на куќата во која престојуваа, негативни реакции на дел од јавноста  се причина тие да го напуштат Куманово поради загрозување на нивната безбедност.

Во Скопје неколку хотели ги одбиле за престој и до 3 часот по полноќ чекале во автобус.

Фактот дека се различни се причина за  ксенофобија, страв и нетрпеливост кон странци, појава која загрижува, смета комуникологот Сеад Џигал.

“Постои еден вид на ксенофобиски парадокс во Македонија и во регионот. Ние сме како регион дел од тие миграциски движења и сакаме да мигрираме во  земји каде што ќе одбереме и најчесто тоа е на Запад, но не сакаме други култури,  етницитети и националности дури и да транзитираат низ нашата земја. Се работи за појава која е од понов тип Македонија е земја со богато мултикултурно, мултиверско и мултијазично наследство има извонреден капацитет за толеранција и за соживот. Но во поново време во втората половина на 20 от век, војните во поранешна Југославија, со придвижувањата и со развивањето на некои екстремни идеологии на 21 век земаат замав вакви појави на нетолеранција и ксенофобија” – вели комуникологот проф д-р, Сеад Џигал .

Станува збор за мирољубиви припадници на религиозна група која си го бара местото под сонцето, ни изјави Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија. Не контактирале со нив, а ако побараат заедницата ќе се сретне со групата Лев Тахор.

Припадниците на еврејската група ( мажи, жени и деца) не претставуваат никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарнот кон истите, велат од МВР.

“Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава” – велат од МВР.

Според Џигал ваквата ксенофобија беше присутна и порано за време на мигрантската криза.

Загрижувачки е може да се забележат млади луѓе кои ја каменуваат куќата во која се сместени припадниците на групата Лев Тахор.

“Да млади луѓе и оние кои гравитираат кон тој вид адолесценти полесно се манипулираат и склони да бидат манипулирани не само кон говор на омраза, туку кон акти и дела, чинови на нетолеранција. Тие често се вмешани и во оние спортски навивачки групи или кои преземаат дејство во дневни протести или јавни настани” – додава Џигал.

Ваквите појави на говор на омраза и ксенофобија мора синхронизирано да ги решаваат повеќе институции, не само МВР, туку и образовниот систем и граѓанскиот сектор смета Џигал.

Членовите на  еврејската религиозна група „Лев Тахор“ која брои 37 членови се американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка.

Претходно тие престојувале во Сараево, Босна и Херцеговина. Во Македонија планирале да останат кус период и понатаму да продолжат со своето патување,

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

„Алкалоид“ активира нов погон за лекови

Дејан Дејан

Хаос со сметки за вода и комуналии- некои тетовци треба да платат огромни суми за февруари, бидејќи секој член од семејството добил по една сметка

Дејан Дејан

Пред антикорупционерите дваесетина пријави за евентуални прекршувања на Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе