Вести Македонија

Леви за припадниците на групата Лев Тахор „протерани“ од Куманово: Бараат свое место под Сонцето, мирољубиви се, медиумите да внимаваат да не шират фобија од Евреите

Го бараат своето место под Сонцето, вели претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви, кога го прашавме за припадници на еврејската радикална група Лев Тахор кои од четвртокот до синоќа беа во Куманово, а од рано утрово се во Скопје.

-Немаме никаков контакт, но доколку се заинтересирани и побараат ќе оствариме средба со нив. Тие патуваат самоиницијативно. Ние ги прашавме припадниците на Еврејската заедница во БиХ каде исто биле пред Македонија. Ни кажаа дека не контактирале со нив и дека станува збор за мирољубива група од еврејската заедница која се смета за радикална. Исти такви радикални групи има во сите религии, а Лев Тахор не е единствента религиозна група меѓу Евреите. Ги почитуваат законите и живеат со легални документи. Во  Босна не правеле никакви проблеми, ни изјави Пепо Леви од Еврејскатата заедница на Македонија.

Леви ни рече дека и медиумите треба да внимаваат со вордингот за да не предизвикаат лоши чувства и паника меѓу граѓаните на Македонија откако имаше и неколку инциденти и напади врз нив во Куманово.

-Во разговор со новинарите кои ме бараат замолив внимателно да го бираат вордингот и изразите што ги употребуваат во известувањето. Да не се создава страв или да се шири паника меѓу населението коишто може дополнително да предизвикаат фобија кон Евреите. Очигледно е дека нивната група се разликува од мнозинството Евреи, но сепак не заслужија и не предизвикаа проблеми таков однос кон нив, ни рече претседателот на Еврејската заедница во Македонија.

Миомир Серафиновиќ

Хотелите во Скопје ги одбивале, седеле во автобус цела ноќ- ноќниот напорен пат на еврејската група од Куманово заврши во главниот град и ни откри огромна ксенофобија во државата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе