Вести Економија Топ вести

Пензионерите ќе добијат и зголемување на пензиите и пари за помош поради енергетската криза, најави Ковачевски

Не само зголемување на пензиите, владата подготвува и финансиска помош за пензионерите полесно да ја пребродат енергетската криза. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски, без да соопшти детали ниту за покачувањето на пензите, ниту пак  од кога се планира  финансиската помош.

 “Денес можам да најавам дека во светло на енергетската криза и во светло на економската приза предизвикана од енергетската криза дека веќе работиме исто така и на пакет помош, односно финансиска помош за пензионерите која што ќе ја определиме врз основа на анализи и која што ќе им биде дадена на пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза” – изјави премиерот Ковачевски.

Ковачевски кажа дека  се подготвува новата методологија за пресметка на пензиите и таа ќе биде презентирана на пензионерските здруженија. Премиерот предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20 проценти или по 3.000 денари го оцени за паушален.

Рече тој не се базира на никаква методологија и анализа. ВМРО-ДПМНЕ пак побара од пратенците да гласаат за нивниот предлог.

За експертите пак наддавањето со пензиите е несериозно и спротивно на заложбите со пензиската реформа.

Предупредуваат дека еднократното зголемување на пензиите кое го најави владата ќе ја наруши рамнотежата во буџетот на ПИОМ, ќе се зголемат трошоците за исплата на пензии кои во иднина  ќе мора да се покриваат со плус  пари од буџетот.

Алармираат дека за стабилизација на пензискиот фонд  во иднина ќе мора да се зголеми стапката на пензискиот придонес од сегашните 18,8 до 21,2 проценти.

 “Ќе влијае да на нарушување на рамнотежата во буџетот на ПИОМ и ќе треба да се надомести во иднина со зголемување на приходите. Секако дека една од мерките е зголемување на пензискиот придонес и сега би требало да се доведе до ниво на кое што беше почетно при планирањето и проекциите за  пензиската реформа. 21,2 проценти беше и врз основа на такви проекции беше поставен на долг рок одржливоста на системот” – изјави универзитетската професорка, Јадранка Мршиќ

 

Предлогот пак на Сојузот на здруженија на пензионери е во усогласувањето на пензиите да се земе во предвид дел од зголемувањето на платите и дел од растот на трошоците за живот.

Очекуваат дека нивните предлози за владата ќе бидат прифатливи.

Не откриваат колку би се зголемиле пензиите со нивното барање.

Но велат тие може да пораснат и со сегашната регулатива- во законот за пензиско постои можност за усогласување и според платите, и тоа ако минималната порасне за 15 проценти, а просечната за 5. Но, за ова државата треба да донесе посебен акт.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе