Вести Економија Топ вести

Градоначалникот на Свети Николе против изградба на фабриката за отпад кај Мечкуевци

Европскиот проект изградба на регионална фабрика за отпад кај светиниколското село Мечкуевци е завршена работа, порачаа 18-те градоначалници од источниот и североисточниот регион, кои го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад. Формирањето на одборот е и нивен одговор на противењето на светниколскиот градоначалник за локацијата, кој најави распишување на референдум и дека како општина нема да учествуваат во извршниот и надзорниот одбор на регионалното јавно претпријатие.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев го повтори својот став од пред две недели, останува против фабриката за отпад да се гради кај Мечкуевци. Одлуката ќе се донесе и на седница на Совет и по цена да му бидат одземени ингеренциите од Министерството за животна средина.

Експертите и поранешните градоначалници без разлика на нивната политичка идеологија кои се бореа за локацијата на фабриката за отпад со порака дека ова е најголемиот еколошки проект во земјава, кој Европската унија го финансира веќе над 12 години. Локацијата од наплатата на преработката на отпадот на општината ќе и носи финасии на годишно ниво од 750.000 до над 2,5 милиони евра. Изградбата на овој современ систем за отпад во кој ќе има рециклирање е по примерот на словенечки Кршко.

Сметаат дека во моментов одлуката Свети Николе да се откаже од локацијата е голема авантура и може да се соочи со враќање на милионските суми, кои во наредните 30 години ќе ја банкротираат  општината. Вредноста на проектот е 46 милиони евра. Проектот први го почнаа градоначалниците од Источниот, а подоцна се приклучија од Севроисточниот регион и Свети Николе.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе