Вести Македонија Најважни

Администрацијата ќе ја парализира државата ако до 15 март не се усогласат платите со минималецот

Администрацијата ќе го парализира функционирањето на државата ако до 15 март не добие повисоки плати усогласени со минималецот- се закани Конфедерацијата на слободни синдикати. Велат врие во јавната администрација  – даваат шанса на социјалниот дијалог со владата – но ако нема решение велат ќе има генерален штрајк.

  • Тоа што можеби претседателот срамежливо го кажа еве јас ќе го потврдам дека веројатмно ќе дојде до генерален штрајк во целиот јавен сектор каде што целата јавна администрација буквално ќе го парализира функционирањето на државата. Тоа не би сакале да се случи меѓутоа ако одат работите многу споро и несериозно тоа и ќе дојде, изјави Јаким Неделковски, претседател на СОНК

Бараат државата да го почитува законот и колективните договори, кои до сега не ги почитувала па голем дел од  работниците примале по 13.800 денари плата која е под минималната од 15.200. Порастот на минималецот пак на 18.000 денари, велат ќе предизвика порамнување и повеќе работни места со различна сложеност ќе бидат на минималец. Или 80 до 90.000 вработени ќе земаат иста плата. Го поддржувата и амандманот на опозицијата, која во собрание ќе бара усогласување на другите плати со минималецот.

  • Доктор по медицина на клиника по терцијално здравство имаат плата од 35.756 денари, а според коефициентот на сложеност по колективниот договор треба да има плата од 72.270 денари. Наставник во основно образование има плата од 24.700 денари, а во средно 25.800, а според коефициентите на сложеност во колективните договори  треба да имаат 44.045 денари плата.Па сега вие самите проценете колку се почитуваат законите и колективните договори и правата на работниците и трудот од страна на владата- рече Ралповски. 

Премиерот пак ги охрабрува работниците и од приватниот и од државниот сектор –секое непочитување на законот да го пријават.

  • Овој закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика дали станува збор за државна институција или приватен сектор.Ова прашање беше поставено исто така и кога го имавме економско социјалниот дијалог. Таму беше присутна министерката за труд и социјална политика која нагласи дека треба да се пријавуваат непочитувања согласно со законските одредби и согласно со колективните договори, рече Ковачевски.

Од владата до сега не беа прецизни зошто и до сега не се почитувале законите и не се покачувале другите плати со порастот на минималната. Нема ниту пресметка колку дополнителни пари од речиси 550 милиони евра во буџетот предвидени за плати на администрацијата ќе се потребни за буџетарите да го добијат законското покачување. Синдикалците пак тврдат ќе треба ребаланс – бидејќи се работи за сериозни суми на  пари.

Александра Филиповска 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Претседателски избори 2024 – хроника 17.04.2024

Дејан Дејан

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 19.4.2024

Дејан Дејан

Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад врз Иран, но се повлекле од планот, тврдат медиуми во Израел и САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе