Само неколку минути откако заврши синдикалната борба за покачување на минималната плата, почна коалициската војна за заслуги. Дали е реализирано ветување од програмата на СДСМ или пак на ДУИ? Директорката на УЈП и заменик претседател на СДСМ, меѓу првите се пофали на фејсбук. Речиси истовремено се јави и првиот вице-премиер, Артан Груби.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, во телевизиско гостување синоќа изјави дека најголема заслуга за оваа мерка имаат министерот за финансии, Фатмир Бесими и ДУИ, затоа што ова ветување е од предизборната програма на ДУИ.
Не заостанаа ни помалите коалициони партнери од ДОМ.
Поздрави и честитки испрати и екс премиерот, Зоран Заев.
Овие партиски препукувања предизвикаа саркастични коментари на социјалните мрежи.
Друг момент околу кој граѓаните реагираат е дека субвенционирањето на минималецот ќе биде на товар на буџетот, односно на даночните обврзници. Бараат да се намалат неработниците кои со години земаат плата, а седат дома, почнувајќи од Собранието, преку Владата, до членови на разни одбори и советници.
Далиборка Дамјанска Цветановска
