Економија Топ вести

Неповластените компании трпат штети од „недела неработен ден“?

Зголемувања на производните трошоци, затворање на капацитетите, намалување на конкурентноста и отпуштања.Ова се последиците доколку не се дозволи компаниите самостојно да одлучат дали ќе „одмораат“ во недела или не, предупредуваат од Стопанската комора. Од актуелниот закон особено се засегнати градежништвото, прехранбената индустрија и трговијата, кои не се најдоа меѓу тие на кои им е дозволено да работат и во недела.

Здруженијата на трговци бараат работата во недела за сите дејности да се регулира исклучиво со Законот за работни односи, затоа што новиот закон содржи многу нелогичности и става фирми со иста дејност во нерамноправна положба.

Од компаниите прашуваат, кои критериуми се одбрани се одбрани дејностите кои се повластени?

Посочуваат и дека, измени во законот со додавање на дејности не се доволни, затоа што само ќе стимулира правна несигунрост. Но, од владата токму тоа го нудат.

Според Комората, акцентот мора да се стави на инспекцискиот надзор и на почитувањето на работничките права, што вклучува и исплата на додаток за работа во недела. Ако се постигне соодветно решение на 18 февруари, на денот на одбележувањето на 100 години од постоењето, Комората ќе ја повлече Иницијативата доставена до Уставниот суд за оценување на уставноста на оваа мерка.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе