Економија Топ вести

Синдикатот утре на протест – пред средбата во Владата

Синдикалците утре прво ќе протестираат, па потоа ќе се сретнат со владата и работодавачите на Економско социјалниот совет. Еден час ќе ја блокираат улицата пред Организацијата на работодавачи и Стопанската комора, за да порачаат дека не отстапуваат од барањето минималнта плата да се зголеми на 18.000 денари веднаш.

Ова следува откако вчера не беше постигнат договор меѓу трите социјални партнери. Ги обвинија работодавачите дека купуваат време до утре со тоа што на маса ставиле барање за промена на методологијата за пресметка на минималецот. Нивните пресметки пак покажале дека со неа минималната плата би требало да изнесува 16.164 денари.

Од кога и колкаво зголемување на минималецот предлагаат – вчера не открија ниту работодавачите, ниту Владата. Работодавачите кажаа дека треба да се направат пресметките, а владата не открива бидејќи преговорите биле во тек.

Утре е средбата на која ако не падне договор, синдикалците се категорични дека ќе има генерален штрајк. Не исклучуваат дека покрај прекин на работа на работни места, можно е незадоволството да го изразат и на протести, блокирање на раскрсници, фабрики, институции. Надеж гледаат и во пратениците кои на 10 февруари треба да расправаат за законското решение минималецот да биде 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе