Вести Економија Македонија Топ вести

Внимавајте! Лажни банкноти од 2.000 денари

Забележани се лажни банкноти во вредност од 2 илјади денари, предупредува Народната банка. Заради подобра заштита на граѓаните и на правните лица, НБРМ укажува како може да се направи разлика меѓу вистинската и лажната пара.

Прво, фалсификатот е изработен од обична двослојна хартија, која на допир значително се разликува од оригиналната хартија според дебелината, цврстината и еластичноста.

Второ, основен заштитен елемент е варијабилната боја во горниот среден дел од предната страна на банкнотата. Со придвижување под одреден агол, оригиналот ја менува бојата од зелена во сина, а при тоа се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, а кај фалсификатот бојата не се менува.

Трето, повнимателно набљудување ќе покаже дека имитацијата на заштитниот конец, вметнат меѓу двата слоја хартија со видливи засеци, создава лажен впечаток за делумно менување на боите.

Четврто, водениот печат кај фалсификатот е видлив и нанесен со нијанса на жолтеникава и сива боја, додека кај оригиналот се гледа само ако банкнотата се постави под извор на светлина.

Народната банка ги повикува сите граѓани, доколку забележат лажни банкноти, веднаш да се обратат до МВР и до банките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Најмалку 32 загинати и над 700 повредени – два разорни земјотреса ја погодија Венецуела

Sasko Dimovski

Бугарското МНР се дистанцира од скандалот со објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе