Вести Свет Спорт Тенис Топ вести

Ѓоковиќ на пат за Белград, претседателот на Србија Александар Вучиќ одлуката на австралискиот суд ја оцени како „политичка“

Новак Ѓоковиќ е на пат за Белград откако го загуби последниот судски обид да остане во земјата. Судиите го отфрлија неговото оспорување на одлуката на владата да ја укине визата на невакцинираниот играч.

Надежите на светскиот рекет број еден да ја одбрани титулата на Австралија опен и да го освои рекордниот 21 Грен слем во Мелбурн завршија. Ѓоковиќ рече дека е „екстремно разочаран“, но ја прифатил пресудата.

„Засрамен сум бидејќи фокусот во последните недели беше на мене, се надевам дека сега ќе биде само спортот. На играчите и на сите вклучени им посакувам се најдобро. На крајот, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сонародници за поддршка. Сите ми дадовте сила, изјави Ѓоковиќ.

Одлуката за одземање на визата на Ѓоковиќ ги разочара неговите фанови кои од почетокот на судењето чекаа пред судот во Мелбурн.

„Тоа е срамно, срамно е. Како му е првата виза… како првиот пат судот пресуди во негова корист, но сега пресуди против него? Зошто, затоа што сето тоа е политика. Откако политиката влезе во спортот, сè тргна надолу. сè тргна надолу“, изјави Мина Зогиќ, поддржувач на Ѓоковиќ

 

„Многу тажно. Новак не го заслужува ова. Новак дојде овде да игра тенис, не можам да разберам каква закана е Новак за оваа земја, за мене за тебе, за сите нас. Каков вид? Што ќе зарази 25 милиони луѓе…“ – вели поддржувач на Ѓоковиќ.

И додека австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук, ја пофали одлуката на австралискиот Федерален суд, претседателот на Србија, Александар Вучиќ ваквата одлука ја нарече „политичка“.

„Се разбира, сите ние во Србија сме многу разочарани од пресудата на судот во Австралија и одлуката против Новак Ѓоковиќ и неговото учество на турнирот во Мелбурн, а исто така и поради режимот за укинување на визите беше повеќе политичка отколку одлука донесена од австралиското правосудство“ – изјави Александар Вучиќ, претседател на Р.Србија

Ѓоковиќ веќе се качи во авионот кој летал од Мелбурн за Дубаи, а оттаму ќе пристигне на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.  По депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија, му се заканува и забрана за влез во период од три години и притоа ќе мора да ги плати судските трошоци.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе