Ракомет Спорт

Лазаров: Не смееме да ги потцениме Црногорците

Македонија има одлична серија на резултати во дуелите против Црна Гора, а посебно по прикажаните игри на стартот на турнирот нашата селекција е фаворит, но тоа мора да се докаже на теренот.

“Не сакам да ја потценам во ниту еден случај Црна Гора. Има таму индивидуалци подобри од нашата репрезентација, но како колектив сме подобри. Не сакам да ги отворам картите. Дополнително ќе ги анализираме. Никогаш не се знае. Вчера не требаше да играат Шеваљевиќ и Мишковиќ, но им беа во состав. Тие имаат позитивни, ние имаме позитивни. Се се менува од ден на ден и мора на тоа да се прилагодуваме. Не ме плашат ниту Црна Гора ниту Данска. Едноставно не треба да се оптоваруваме со противниците туку да ја играме нашата игра. Од нас зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина. Противниците ќе бидат се појаки и појаки бидејќи сите во Европа играат веќе квалитетен ракомет”, изјави селекторот Кирил Лазаров.

ФОТО: Петр Стојановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе