Вести Економија

Се чисти Калиманското езеро откако се наполни со отпад по последните врнежи

Калиманско езеро доживеа голема еколошка катастрофа по поплавите, во него завршија илјадници тони на отпад, кои пловат по површината на водата. 50 доброволци од општините Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, како и ловџии од Пијанечко денеска само за еден час наполнија 15 вреќи со отпад. Од езерото на брегот со помош на гребули извлекоа пластични шишиња, високи потпетици ,дрвена граѓа. Иницијатор,  Александар Дончевски вели дека акцијата е организирана бидејќи овој отпад го нарушува целиот еко-систем во езерото.

Учесниците во акцијата велат дека водата го крие целиот отпад, а според она каков отпад извлекоа на површина сметаат дека езерото е голема депонија. За првапат во ваква еколошка акција се вклучија и општините со вработени, но и со механизација која го носеше отпадот во центарот за рециклирање во Делчево.

Во денешната акција не учествуваа риболовците од Македонска Каменица, кои се концесионери на езерото. Забележуваат дека тие секојдневно го чистат од отпад, ја поздравуваат акцијата на Дончевски, но револтот е што на терен ги нема токму институциите и инспекциите, кои треба да се грижат за Калиманско езеро.

Илајдници тони отпад се собираат од езерото Калминаци, најголемото во источниот регион, од кое се наводнуваат нивите почнувајќи од кочанско, виничко, штипско и овче поле. Наредната недела закажан е состанок на кој ќе присуствуваат повеќе институции и здруженија за да се направи стратегија како да се заштити езерото од вакви еколошки катастрофи

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арбер Адеми не гласал за претседател, а ДУИ очекува 20 пратеници во Собранието

Дејан Дејан

Муцунски: Отворениот повик на ДУИ за бојкот не успеа, извесно е дека партијата ќе оди во опозиција

Дејан Дејан

Изет Меџити : Секој глас е важен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе