Ракомет Спорт

Костески: Напорно работиме за позитивни резултати на ЕП

Македонската ракометна репрезентација влегува во завршната фаза од подготовките за настап на Европското првенство.

За божиќните празници избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат еден слободен ден, а потоа се враќаат на редовните активности се до заминувањето за Унгарија.

“Влегуваме во завршниот дел од подготовките за ЕП. Работиме посветено и ги исполнуваме задачите кои што ни ги дава селекторот. Лично сум задоволен од тоа како играме, напредуваме во играта и што е најважно сите сме подготвени. Исто така јас сум задоволен од моите настапи на трите пријателски средби што ги одигравме. Се надевам дека до крајот на подготовките нема да имаме некои непосакувани проблеми”, изјави Ненад Костески.

Како и пред секој настап на големите натпреварувања целта е да се мине во следната фаза, но овој пат задачата ќе биде тешка со оглед на фактот дека конкуренцијата за едно од првите две места во групата е жестока.

“Ги анализираме сите три противници, добро знаеме против кои ривали ќе играме. Веќе докажавме дека можеме да се носиме и со една селекција како Данска и да изненадиме. Црна Гора не смее да се потцени, се бори до крај и сите играчи го даваат максимумот од почеток до крај. Исто така добро се познаваме и со Словенците и знаеме што да очекуваме од нив. Се подготвуваме напорно и се надевам на позитивни резултати на ЕП“, заврши македонскиот репрезентативец.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе